Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, свика седница на Централното претседателство на партијата. Седницата ќе се одржи денес со почеток во 15 часот во партиското седиште во Тетово.
– На седницата ќе се говори околу четвртиот изборен конгрес на ДУИ, идните програмски определби и статутарни промени, се наведува во соопштението од партијата.