Ахмети најави протест во Скопје за поддршка на поранешните водачи на ОВК

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, соопшти дека следниот протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК, кои им се суди во Хаг, ќе се одржи во Скопје на 13 декември.

Протестот ќе започне во 13:00 часот на плоштадот „Скендербег“. „На 13 декември, почнувајќи од 13:00 часот, ќе протестираме и во Скопје за да бараме правда и да покажеме поддршка за ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг. Планирано е протестот да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопје“, истакна Ахмети.

Тој ги повика Албанците да се приклучат на протестот за да ја демонстрираат, како што рече, чистата борба за слобода и независност. Ахмети веќе учествувал на двата големи протести организирани во Приштина и Тирана во поддршка на поранешните водачи на ОВК.

Во Судот во Хаг им се суди на Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими за воени злосторства извршени на Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e