Ллидерот на ДУИ, Али Ахмети, испрати порака дека во овој момент изборите не се приоритет, туку во прв план е надминување на состојбата со коронавирусот.
„Изборите и кампањата се последни во агендата на нашите приоритети, затоа што сите наши човечки, интелектуални и институционални капацитети ги ставивме на располагање на победа во заедничката борба против вирусот. Сега треба да го победиме вирусот, а не победа на изборите. Со изборите и кампањата ќе се занимаваме откако ќе ја победиме ова закана кон сите нас и ве уверувам дека заедно ќе извојуваме победа“, вели Ахмети.
Одлагање на изборите е се поверојатно сценарио откако претсердателите на ВМРО -ДПМНЕ и СДСМ предходно најавија дека такво непто е потребно со оглед на состојбата со корона вирусот во кој се наоѓа државата.