Еден дел поддржувачи на ДУИ гласаа за кандидатот Блерим Река во првиот круг од претседателските избори, но во вториот в недела ќе го поддржат Стево Пендаровски, рече Али Ахмети, претседателот на владиниот коалиционен партнер, во емисијата „Отворено“ синоќа на 1ТВ.
– Нашите симпатизери и поддржувачи нема да се индиферентни. Тие ја препознаваат важноста на моментот. Имаме зрело гласачко тело кое знае дека треба да испрати една позитивна порака до Европа. Ние не правиме политика со двојни стандарди. Не сме дволични да работиме поинаку од тоа што е договорено, рече Ахмети.