Агенцијата за млади и спорт, во насока на развивање на претприемаштвото кај младите луѓе објавува јавен повик за учество во обука за Претприемништво и деловни вештини
Обуката е составена од два модула, во кој првиот модул ги опфаќа претприемништвото, претприемачкиот процес и претприемачот, додека вториот модул од обуката се однесува на деловните вештини потребни за основање и водење на сопствен бизнис.
На повикот можат да се пријават млади лица на возраст од 18 до 25 години, државјани на Република Северна Македонија.
Јавниот повик за пријавување на учесници трае до 30 септември 2019 година и може да го погледнете на следниов ЛИНК.