Повардарскиот митрополит на МПЦ-ОА Агатангел го промени своето мислење за присуство на верниците во храмовите за време на празникот Велигден.
Тој во дел од обраќање кон јавноста преку свештениците на крајот на март повикуваше на „целивање на иконите и крстот и доаѓање на литургија…“ што, во моментот на вонредните мерки освен што претставува ставање во ризик на верниците, понатамошно масовно ширење на вирусот, претставува и дело за кое следуваат санкции, како за свештениците така и за верниците кои би ги посетувале таквите литургии.
Тој исто така тогаш велеше дека тој поради здравствени причини не може да биде во храмовите, но дека верниците треба да одат.
Денеска, пак, преку соопштение ги повика верниците да останат во своите домови поради пандемијата.
Соопштението во продолжение: