Адеми: Дијаспората да се идентификува со државата, а не со партиите

Владата реши да го подигне на повисоко, институционално ниво прашањето на дијаспората и државата да се посвети на градењето доверба со дијаспората, истакна на денешната трибина министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

– Сакаме дијаспората да се идентификува со државата, а не со партиите што беше случај во изминатите 20-тина години… Воочивме дека во Македонија во изминатите години не постоела стратегија за соработка и односи со дијаспората, што не е случај со државите од регионот и пошироко. Затоа кон крајот на август 2017 година Владата донесе заклучок за формирање работна група која ќе работи на изработка на Национална стратегија за соработка со дијаспората, рече Адеми на трибината за зајакнување на врските со македонската дијаспора.

Тој информира дека Националната стратегија е речиси финализирана и очекува во текот на јуни годинава таа да влезе во владина процедура. Националната стратегија се базира на четири клучна столбови: политички и администартивни аспекти; диајспората и економскиот развој; образование, наука и млади и културни врски, културен идентитет и културно наследство.

Адеми потсети дека кон крајот на 2017 година Владата донесе Програма за економски раст на државата, каде покрај странските инвеститири кои во минатото имаа бенефиции, сега и домашните инвеститори и инвеститорите од дијаспората ги имаат истите права кога ќе решат да инвестираат во Македонија.

Целиот текст на порталот Либертас можете да го прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e