А1 со нова тарифа за припејд корисниците со неограничено сурфање на социјалните мрежи

Најновиот А1 Go Social е неделен пакет со неограничено сурфање на најпопуларните социјални мрежи, Facebook, Instagram, TikTok, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp е пакетот кој операторот А1 го нуди на припејд корисниците. Со пакетот корисниците добиваат можност за опуштено сурфање, споделување фотографии и видеа, постови и сторис без при тоа да го трошат дополнителниот 1GB интернет кој е составен дел од пакетот. Пакетот е достапен за 119 денари неделно.

Пакетот А1 Go Social може да се користи се додека корисникот има преостанат мобилен интернет од доделениот 1GB од пакетот А1 Go Social или од друг активиран интернет пакет. Доколку биде потрошен интернетот, нов пакет може да биде активиран веднаш со што продолжува користењето на пакетот А1 Go Social.

Сите нови А1 припејд корисници го добиваат пакетот А1 Go Social бесплатно во првата недела додека сите постоечки А1 припејд корисници можат да го активираат пакетот со SMS текст START на 1499 или преку апликацијата Мојот A1. По истекот, пакетот автоматски ќе се реактивира за неделна претплата од 119 денари сè додека корисникот има доволно кредит на сметката.

Корисникот може да провери статус на преостанатиот интернет од дополнителниот 1GB интернет во пакетот, преку апликацијата Мојот А1 или преку SMS на бројот 1440.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e