МВР објави промотивно видео за новите глисери кои се дел од македонската полиција. Според МВР, со инвестициите во опрема и начинот на кој ги мотивираат полициските службеници тие создаваат модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција, која ќе биде блиска до граѓаните, а обезбедувајќи подобри услови за работа за полициските службеници, добиваме поголема безбедност за граѓаните.