Починатиот, по враќање од Англија бил во 14 дневна изолација, а истата требала да заврши на 30 март. Од познати комобирдитети, имал дијабет и хипертензија.
Министерството за здравство информира дека се готови резултатите на лицето на кое постмортем е земен брис за тест на Ковид – 19.
-Мажот на возраст од 66 години, кој на 30.03 од страна на МВР при извршување на рутинска контола на лице во домашна изолација, беше пронајден починат во својот стан во Битола е негативен на коронавирусот- соопшти Министерство за здравство.
Брисот беше земен истиот ден од страна на Центарот за јавно здравје во Битола и испратен во Скопје на анализа, наведуваат оттаму.
Починатиот, по враќање од Англија бил во 14 дневна изолација, а истата требала да заврши на 30 март. Од познати комобирдитети, имал дијабет и хипертензија.