63 бели столчиња празни – Тишина и тага во Кочани една година по пожарот во Пулс

Со поставувањето на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, денеска во Паркот на револуцијата во Кочани започна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој на 16 март минатата година згаснаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Шеесет и три бели столчиња, секое со по една бела роза и отворена книга за жалост, беа поставени во тишина како немо сведоштво за животи прекинати во најубавите години.

„63 бели столчиња, 63 имиња, 63 животи што недостигаат – секое столче ја носи тишината на едно отсутно присуство, бела роза за спомен, светлина за сеќавање и место што никогаш нема да биде исполнето“, беше пораката што ги пречека присутните, меѓу кои делегации, семејства на загинатите и останати граѓани пред Домот на културата во Кочани.

Настанот, кој го организираа Општина Кочани и родителите на загинатите, започна во 8:45 часот и е дел од централната програма за одбележување на годишнината.

При приемот на гости и делегации за комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“, кој започнува во 10:30 часот во Центарот за култура „Бели мугри“, пред визуелниот споменик посветен на недовршените соништа на прерано починатите беше отворена и книга на жалост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e