Не прифаќам дека за се во државата додека бев премиер сум одлучувал само јас. Стојам на ставот и понатаму дека бомбите се всушност креирани и монтирани и се плод на странски служби“, рече во интервју за емисијата „200“ на Алсат-М телевизија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, и екс-премиер Никола Груевски.
Ако немало злоупотреба од власта, односно од УБК, зошто најодговорните, како Горан Грујевски побегнаа откако им беше одреден притвор, праша новинарот Назим Рашиди. Груевски се огради како и секогаш кога не му одговара дека не знае зошто побегнале и каде се.
Прашан како ќе води изборна кампања пред граѓаните кога лично тој од СЈО е во неколку предмети осомничен, Груевски рече дека се било монтажа и дискредитација на неговата личност.
– Немам никаква вина и народот тоа го знае, секој може да пишува обвиненија и Заев има па стана премиер – рече Груевски тврдејки дека Мијалков сам се повлекол од врвните функции во партијата и дека тој одлучил да стави свежи лица за нови победи.
На Груевски му било жал за хоророт во парламентот на 27 април но смета дека сега владеачкото мнозинство постапило неуставно и неделовнички и направиле провокација. Груевски рече дека не знае дека Муковски и уште неколкумина пратеници од неговата партија им отворија врати на демонстрантите, дека не видел, но видел како Влтко Ѓорчев и други им помагале на нападнатите пратеници од, како што рече, гневни граѓани. Прашан дали разговарал, на пример, со Тарчуловски, помагал толпата да влезе, рече дека тој такво нешто не видел.