Десната рака на Тодоров го предводи тимот на Таравари во Будимпешта

Јован Грповски десната рака на екс министерот за здравство Никола Тодоров и советник во неговиот кабинет ја предводи петчлената делегација која престојува во Будимпешта на Регионалното собрание за Европа на СЗО во која е  и министерот Арбен Таравари, пренесува Нова ТВ.

Добро упатени извори за НОВА, велат дека во министерството постои лице за меѓународна соработка, но наместо него, Грпоски во време на Тодоров станал контактот меѓу македонското министерство и СЗО иако не е лекар и немал искуство во соработката со оваа меѓународна организација. Нашите извори велат дека оваа привилегија Грпоски ја имал и за други меѓународни настани и соработка, веројатно поради високите дневници и хонорари.

Од тие причини познавачите на проблематиката се зачудени што бара Грпоски во делегацијата со Таравари.

фото:Јован Грпоски е втор од лево

Во Министертсвото за здравство потврдуваат дека Грпоски е контактот со СЗО и затоа е присутен во Бумпешта.

„Грповски веќе неколку години е контакт за комуникација на министерството со СЗО и токму неговото искуство е причина поради која тој е е дел од делегацијата во Будимпешта“, велат за НОВА од Министерството за здравство.

Грпоски е раководител на Проектната единица која ја координира изградбата на клиничките центри во Скопје и Штип, како и болниците низ државата. Многу сомнежи и обвинувања паднаа на адреса на Проектната единица токму за изградбата на двата клинички центра и фирмите ангажирани  за тоа.

Јавноста го памети како директор на Фондот за здравство во време кога Маја Парнаџиева Змејкова времено се повлече поради лични причини, а неколку пати беше мета на јавноста поради конфликтот на интереси во Министерство за здравство каде што потоа дојде да работи.

НОВА веќе пишуваше дека тој освен како раководител на Проектната единица земал плата и како државен службеник во Министерството за здравство, под чија капа е оваа единица.

Од документот до кој дојде НОВА се гледа дека во Проектната единица имал примања од 150 000 денари месечно( 2 500 евра), а примал плата од  50 000 денари(850 евра) како советник во кабинетот на Тодоров иако државни службеници не смеaт да се ангажираат за хонорари на проекти.

Во Министертсвото за здравство никогаш не негираа  дека Грповски ги извршува двете функции и тврдеа дека ангажманот  во Проектната единица е дополнителен хонорарен ангажман.

Во Антикорупциска комисија Грповски пријавил дека поседува само моторно возило марка Шевролет круз во вредност од еден милион денари и готовина во сеф од 600 000 денари.

Грповски заедно со Ангел Митревски беа двете сенки кои верно го следеа Тодоров од 2006 наваму, од Катастар и Министерство за образование се до неговото заминување од министерската фотеља во здравството, како тим од доверба кои лесно се адаптираа на секакви работни места и управни одбори. Грпоски е правник, е Митревски има завршено Историја со архивистика.

Според извори на НОВА во Проектната единица, Грпоски пред своите колеги не крие дека е член на ВМРО ДПМНЕ, а таму веќе се шпекулира дека тој ветил дека ќе соработува со новата власт. Наводно, тоа е и причината што Таравари го земал со тимот во Будимпешта, како и дека заради тоа не го менува од ова раководно важно работно место.

фото:Делегацијата заедно со амбасадорот Јован Есмеров на состанок со регионалната директорка на СЗО, д-р Зузана Јакаб

Инаку, што се однесува до времетраењето на посетата од пет дена на петчлената делегација во Будимпешта во време кога треба да се носат важни одлуки, а кабинетот на министерството е празен,  од таму велат дека министерот Таравари со еден од советниците се враќа во Македонија во среда.

„Во Будимпешта до петок(пет дена) остануваат тројца преставници на Министерството(меѓу кои и Грпоски) кои имаат средби од стратешко значење за соработката на Македонија со СЗО“, велат од министерството.

Од Министерството за здравство потенцираат дека Регионалната конференција во Будимпешта е еден од најважните настани во агендата на ресорното министерство, а СЗО е стратешки партнер поради што соработката со организацијата е од огромно значење за македонското здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e