Грчкиот премиер Мицотакис се обидува да го исполни своето предизборно ветување и преговара со грчките извозници за моделот со кој тие ќе ги брендираат своите производи во согласност со Договорот од Преспа, пренесе 360 степени.
Според спогодбата, на потрошувачите треба да им се разграничи кој продукт е од Северна Македонија а кој од Грчка.
Медиумите во Грција пишуваат дека Мицотакис предлага разликата да се направи на тој начин што трговските марки од Северна Македонија, во светски рамки би биле брендирани со името „Macedonia“ a за продуктите од грчка Македонија би се користел називот „Makedonia“.
Тој оваа идеја ја претставил пред претставниците на Грчката асоцијација на извозници на состанокот одржан во Солун.