Министерот Николовски се сретна со амбасадорот на Унгарија, Дукс Ласло Иштван

На денешната средба помеѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и амбасадорот на Унгарија, Дукс Ласло Иштван, договорено е да се интензивира соработката со Унгарија, во областа на земјоделството и руралниот развој.

Амбасадорот Дукс Ласло Иштван, истакна дека Унгарија, е отворена за соработката на техничко, научно и експертско ниво во областа на земјоделството.

На средбата заеднички беше костатирано дека од особено значење ќе бидат конкретните мерки и активности кои ќе се преземат за интензивирање на трговската соработка, бидејќи земјоделското производство во двете земји е доста компатибилно.

g

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e