3 години затвор за Зоран Милевски – Кичеец

Казна затвор од три години за примање награда доби Зоран Милевски – Кичеец, третообвинетиот во случајот „Рекет“, кој вчера на почетокот на судењето го призна делото.

Првоосомничениот Бојан Јовановски и второосомничената Катица Јанева се изјаснија дека не се виновни.

Обвинителката Вилма Русковска предложи да му биде продолжен куќниот притвор до почнување на издржување на казната. Судот го прифати предлогот.

По признанието на Кичеец, судот ја одвои постапката, а рочиштето против Јанева и Боки 13 ќе продолжи на 6 декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e