29 години Социјалдемократска младина на Македонија – Пркос, слобода и борба за подобро утре!

Социјалдемократската младина на Македонија – СДММ одбележува 29 години вистинско другарство, посветеност и одлучност!

„Се бориме против дискриминацијата, нееднаквоста и сиромаштијата. Се бориме за повисок младински стандард, за младинска вклученост, за независност на студентското организирање и квалитетни обрзовани политики. Се бориме за општество во кое младите ќе имаат платена работа и достоинствен живот , сигурна и извесна иднина, за солидарно општество во кое ќе ги уживаат своите права и слободи.“ – порачуваат членовите на СДММ.

3 „Пркосот, слободата и борбата за подобро утре се идеалите на нашата младина и им благодариме на сите кои се дел од оваа приказна, кои секојдневно придонесуваат и учествуваат во постојан напредок на државата, на борците како Трајко кој е инспирација за сите генерации, а датумите како денешниот секогаш ќе не потсетуваат на неговата борба, истрајност и пожртвуваност.“ – велат од СДММ.
„Продолжуваме заедно да го менуваме светот! Затоа што преку СДММ  многумина по прв пат дарувале крв, собирале средства или облека за оние на кои им е најпотребно.“ – порачуваат од СДММ.

2

Оваа организација е пример дека и во политиката е возможно да се создаваат вистински другарства и не е се интерес! Ова е Младина која негува различни мислења во рамки на организацијата, но и со аргументи знае да се спротивстави на „сениорите“ во своите редови или на политичките противници. Затоа што тоа е здраво и нормално. И токму во тоа е бунтовноста и авангардноста.

Подмладоци има многу, но само една е МЛАДИНА! – е овогодинешната порака по повод роденденот на СДММ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e