2689 МЛАДИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ДОБИЛЕ ПОМОШ ПРЕКУ ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОГРАМИ Николовски во посета на Љупчо Ромовски, добитник на грант во износ од 10.000 евра

Министерот за земјоделство Николовски денеска го посети Љупчо Ромовски, млад земјоделец, добитник на грант од мерката “млад земјоделец” во износ од 10.000 евра.
420330931_959043152256188_2085989284194080197_n
420271109_959042962256207_900702615035200117_n (1)
420537255_959043225589514_2740214073039477782_n
– Низ сите овие години, од 2017 до денес, преку сите мерки што ги имаат земјоделците на располагање, сме поддржале 2.689 млади земјодлеци, со поддршка вредна 1,5 милијарди денари. Само минатата 2023 година, преку мерките за поддршка на малите винарии, малите дестилерии и малите производители на храна, сме поддржале 49 млади земјоделци, кои успешно аплицирале ги реализиарале овие мерки, поддршка вредна 27,7 милиони денари. Со ИПАРД 2 програмата сме поддржале 1.212 млади лица, кои успешно реализирале инвестиции вредни над 8 милијарди денари, вели Николовски.
433121501_959043058922864_1106149962802081117_n
Тој потенцира дека младите имаат предност и поголем процент на кофинансирање со ИПАРД програмата, а со новата ИПАРД 3 програма се дава и нова можност за авансна исплата од 50% на одобрената поддршка веднаш по потпишувањето, за сите апликанти.
– Резултатите постигнати во земјоделството за овие 7 години, а ги има многу, се нашата најголема вистина. Тука нема лажење. Фактите и бројките сами зборуваат, потенцира министерот.
420234365_959043105589526_5918520538535094425_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e