250 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО Преку ИПАРД програмата ќе бидат инвестирани во наредните пет години

Во интервјуто на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски за “Гласот на Америка” на прашањето во врска со последната посета во Брисел, каде Северна Македонија беше посочена со најголема искористеност на европските фондови за ИПАРД програмата, министерот посочи дека само во овој месец ставени се на располагање 40 милиони евра на апликантите во делот на земјоделството преку мерките од ИПАРД.

– И она што може, еве, ексклузивно да го кажам заради тоа што заврши рокот пред само два дена и се уште стигаат апликациите за овие мерки од ИПАРД 3 програмата од првиот повик за мерката 1 и мерката 7. Може да констатираме дека интересот е огромен. Затоа велам, во следните пет години 250 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство што само преку една програма, само преку мерките на ИПАРД програмата, а она што се новини исто така се од интерест и корист за самите апликанти. Многу новини имаме во оваа ИПАРД 3 програма, Европската комисија во Брисел на скрининг процесот навистина честиташе недвосмислено, недипломатски, директно беше посочена успешноста на македонскиот ИПАРД 2 од 2017 до 2023 година, токму затоа сме пример и земјите од регионот учат од нашето искуство кое што го поминавме овој период, потенцира Николовски.

Целото интервју на линкот тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e