Намален е бројот на вработени кои добиваат плата до 15 илјади денари, а паралено со тоа зголемен е бројот на оние кои добиваат плата поголема од овој износ. Ова го покажуваат податоците на телевизија 24 добиени од УЈП со Законот за пристап до информации од јавен карактер.
Сепак, и натаму дури 36 отсто од вработените во јануари годинава добиле плата помала од 15 илјади денари, додека пред година и половина овој износ го добиле 45,5 отсто од вработените.
Според податоците, во јули 2017 година плата помала од 15 илјади денари добивале 247.547 илјади вработени, а во јануари годинава 194.132. Тоа значи дека бројот на вработени кои добивале плата до 15.000 денари е намален за 53.415 и при тоа нашата анализа покажува дека во најголем дел оваа бројка се прелеала кон повисоките примања.
Плата до 15.000 денари
Јули 2017 година 247.547
Јануари 2019 година 194.132
Разлика – 53.415
Речиси половина од вработените или 46 отсто – во јануари годинава добиле плата што се движи од 15.000 до 30 илјади денари. Односно, во јули 2017 година 217.403 луѓе добиле плата во овој износ, а во јануари 2019 година овој износ го добиле 246.474 вработени. Тоа значи дека бројот на вработени кои добиле плата во износ од 15 до 30 илјади е зголемен за 29.071.
Плата од 15.000 до 30.000 денари
Јули 2017 година 217.403
Јануари 2019 година 246.474
Разлика + 29.071
Целата анализа на ТВ 24 можете да ја погледнете на следниот линк