24 Вести: Ајварката ќе скапува по нивите, не се откупува по договорените цени

Ајварката ќе скапува по нивите бидејки преработувачите не ја откупуват по договорените цени.

Вакат тврдат струмичктие земјоделци кои побараа од Владата да интервенира и конзервните фабрики да се држат кон договорените цени од февруари годинава. Се заканија дека ке излезат на протести бидејки ајварка во струмичко се откупува по цена од 10 до 12 денари.

Или почитување на договорените цени за откуп на ајварката и останатите градинарски култури или ќе излеземе на протести. Вака се заканија струмичките земјоделци кои тврдат дека преработувачите капацитети не се придржувале кон договорот за откупните цени што го постигнале во февруари годинава во присуство на министерот за земјоделство Михаил Цветков и првиот човек на земјоделкиот инспекторатот Светан Тирпуновски. Според градинарите црвената пиперка во струмичко почнала да се откупува по 10 тина денари што е двојно помалку од договореното.

Земјоделците побараа владата да интервенира бидејки добар дел од производството завршило по цена од 10 и 12 денари.

Земјоделците тврдат дека ајварката годинава ќе скапе по нивите за што побараа од Владата да интервенира. Освен преработувачите не ја откупуваат ниту трговците кои претежно работат за македонските конзервни фабрики.

Црвената пиперка годинава во струмичко е засадена на околу 4000 хектари но само 5 проценти од производителите имаат склучено договори со членките на македонската асоцијација на преработувачи.

Извор: 24 Вести.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e