180 илјади евра за бадеми и лешници – СДСМ алармира дека Владата нема за повиоки плати, а се луксузира

Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски повторно покажа дека воопшто не се грижи за за граѓаните туку само за себе и за својот лукзус.

Додека семејствата едвај преживуваат од плата до плата, додека цените растат, а стандардот тоне, Мицкоски и неговите министри трошат 180.000 евра за апетисани, бадеми, лешници, ф’стаци, индиски ореви, велат од СДСМ.

По милионите евра за манго, папаја и бејби биф, сега гледаме уште едно расипничко трошење на народни пари.

Додека работниците и пензионерите чекаат достоинствен приход, власта на ВМРО-ДПМНЕ ужива на сметка на граѓани. Додека граѓаните се борат со сметки и кредити, Мицкоски и неговите министри се гоштеваат со луксуз на нивна сметка.

СДСМ најостро го осудува ова расфрлање и потсетува: буџетот е пари на граѓаните, а не приватна каса на Мицкоски и неговата партиска елита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e