Се навршуваат 15 години од загинувањето на осум припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски бачила.
Во нивна чест денеска владина делегација ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на загинатите во касарната „Илинден“ во Скопје и пред спомен – обележјата во село Љубанци.
На денешен ден во 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски бачила на 5 км од селото нагази на две противтенсковски мини. Кај Љуботенски бачила загинаа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје. Мините биле поставени од припадници на ОНА.