Од образование и инфраструктура во образованието до спорт, социјална заштита, животна средина, култура. Работевме и реализиравме на сите страни. Изградивме ново детско игралиште во ООУ „Тихомир Милошевски“, изградивме и реконструиравме детски катчиња и на многу други локации, во 2018 и 2019 година ангажиравме 28 образовни и лични асистенти за помош на деца со потешкотии во развојот, обезбедивме еднодневна екскурзија за 2.000 дечиња и бесплатна ужинка за првооделенците, изјави градоначалникот на општина Ѓорче Петро, Александар Наумоски.
„Во спортот непрекинато финансиски ги помагаме клубовите и младите спортисти од Ѓорче Петров, а учествуваме финаниски и со техничка поддршка во организација на турнири. Во социјалата, за новороденчиња во двете години од мандатот имаме исплатено над 2.500.000 денари, за еднократна парична помош околу 2.000.000 денари, ангажиравме лица за помош на стари и болни, набавивме прочистувачи за воздух во сите градинки, по 40 години ја реконструиравме кујната во градинката „Росица“, воведовме социјална патролна служба за детектирање и помош на социјално ранливи категории граѓани, а организиравме и безброј хуманитарни настани за помош на наши сограѓани. Во културата продолжуваме со манифестацијата „Звуци на културата“ и поддршка особено на детските театри и концерти на класична музика, а не ја изоставивме ниту грижата за животната средина-подигнавме нови зелени површини од околу 10.000 м2, засадивме над 2.000 дрвца и континуирано ги чистиме критичните точки, честопати и вонредно заедно со јавните претпријатија од Градот. Продолжуваме со ист интензитет“, додаде Наумоски.
Целото интервју може да го прочитате на
Наумоски: Продолжуваме со уште поинтензивно темпо, она што е почнато мора да се заврши