121 милион денари за пренамена на нееколошките системи за греење во домаќинствата, градинките, основните и средните училишта

На денешната 151-ва седница Владата ја усвои Предлог – програмата за изменување на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, според која 121 милион денари од буџетот на оваа програма ќе се пренаменат за замена на постоечките нееколошки системи за греење во домаќинствата, градинките, основните и средните училишта, здравствените и административните објекти во најзагадените градови со горилници на плин, со АЦ инвертери, ВРФ системи и топлински пумпи.

Дел од овие средства се наменети и за набавка на пречистувачи за воздух за градинките, училиштата и здравствените и административните објекти, како и за инсталирање филтри во малите и средни претпријатија кои испуштаат штетни материи во воздухот.

Од претстојната грејна сезона, ќе овозможиме бесплатна замена на печките кои користат огревно дрво со високоефикасни инвертери во домаќинствата. – најави премиерот Зоран Заев пред неколку дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e