Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања го продолжува состанокот во Скопје

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија денеска ги продолжува разговорите во Скопје, кои вчера на првиот ден од состанокот биле фокусирани на учебниците, но не беше донесена никава одлука.

Драги Ѓорѓиев, копретседател во Комисијата, по вчерашната средба изјави дека не е усвоен конкретен резултат, заклучок или препорака, но оти имале позитивна атмосфера во разговорите на кои дискутирале само за учебниците и биле запазени нашите интереси.

– Имаше материјална расправа и тоа е она што веќе се дискутира во последните три состаноци и утре продолжуваме по тој дневен ред, рече Ѓоргиев.

Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август годинава усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Северна Македонија и петти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – свети Кирил и Методиј, свети. Климент, свети Наум и Цар Самоил.

Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија, формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e