На средбата беа разгледани можностите за соработка меѓу општина Центар и Меѓунардониот сојуз Скопје. Градоначалнкот Жерновски информираше дека општина Центар ќе обезбеди директка донација во парични средства за дел од барателите на помош кои се имаат обратено во Меѓународниот сојуз Скопје.
Донацијата е во висина од 1 милион денари, средства од буџетот на општината како и од донатори и истите директно ќе се исплаќаат на барателите.
Согласно одлука на општината, средствата се наменети за помош на граѓани од општина центар кои живеат во сиромаштија, социјален ризик или немаат доволно ресурси да ги покријат трошоците за неопходните лекувања и самохрани родители, а претходно веќе се имаат обратено до Меѓунардониот сојуз Скопје за одредена донација или помош.
Дел од донацијата ќе биде употребен и за покривање на трошоците за лекување на малиот Марко, кој има потреба од хируршка интервенција во Австрија како и за дообезбедување на неопходните средства потребни за купвање на специјална инвалидска количка за Тео Богоевски, исто така жител на општина Центар.
На работната средба градоначалникот Андерј Жерновски и претседателот на Меѓународниот сојуз Скопје разговараа и за вкучување во други проектни активности кои нашата организација ќе ги реализира во следниот период, а во план е и потптишување на Меморандум за соработка меѓу сојузот и општината.