Од Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово информираат дека во Куманово и Кратово водостојот на реките е зголемен, но засега состојбата е безбедна.
– Во Крива Паланка и Кратово екипите расчистуваат повеќе одрони на регионалните патишта.
– Водостојот на Кратовска и Крива Река е зголемен, без пријавени излевања.
