Наближува моментот: Крива Паланка се подготвува за Здравко Чолиќ и Владо Георгиев

Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ ќе одржи концерт на јубилејното издание на музичкиот фестивал „Joy fest“ на 28.август во Крива Паланка.

Концертот со нетрпение го очекуваат жителите на овој дел од државата, особено кривапаланчани, бидејќи Чола за прв пат ќе гостува во нивниот град.
А дека се очекува спектакл покaжува и фактот дека Здравко Чолиќ на концертот доаѓа со речици цела родукција, над 40 луѓе.
Ден претходно, на 27.август, односно недела, свој концерт ќе има популарниот Владо Георгиев.

Освен нив, публиката ќе се забавува и со Нокаут, ДНК, ДЈ Галоски…
Концертите ќе се одржат на градскиот стадион, а влезот е бесплатен.
– По повод општинскиот празник Св. Јоаким Осоговски, од 27 до 29 август, Крива Паланка ќе биде центарот и ќе блесне со сиот урбан и модерен потенцијал, по теркот на најдобрите светски фестивали, порача министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој потекнува од Крива Паланка.

Дали сте подготвени за добра забава?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e