Возач загина на обиколницата кај Богданци

Вчера околу 16.00 часот се случила сообраќајка на обиколница Богданци.

66- годишниот Љ.С. од Богданци управувал со патничко возило „рено клио“ со гевгелиски регистраски ознаки, по што излетал од патот.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал Љ.С., а лекар од Итната медицинска помош Гевгелија констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e