Во Штип во сообраќајна несреќа загинаа двајца од кривопаланечко

Двајца мртви кај штипска Лакавица. Во сообраќајна несреќа , рано утринава загинаа градежни работници од кривопаланечко:

Во сообраќајната несреќа на лице место починале две лица на возраст од 50 и 52 години, а други двајца е сповредени и пренесени во Клиничката болница во Штип. Кај едниот се констарирани телесни повреди, а кај другиот тешки телесни повреди, поради што е задржан на понатамошно лекување, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Смртта двајцата работници ги снашла откако возилото со кое од дома оделе на работа во Струмица, излетало од патот. Возилото марка „шаран“ во кое биле работниците од патот излетало шест километри после Лакавица.

Први на местото на несреќата пристигнале колеги на загинатите, кои исто така оделе на работа. Наместо на градежните објекти и двете групи стигнале само до Лакавица:

Доаѓавме од Стумица и ја забележавме колата, јас не видов ништо. шефот ги здогледа, застана и сега сме тука, рече колега на загинатите.

Напорите да ги спасат колегите останале безуспешни, а нивните мртви тела неколку часа останаа заробени во автомобилот:

Лошо, катастрофа. Колата излетала на прав пат, удрила на брегот и се превртела. Тоа ни се колеги, заедно работевме, рече друг колега на загинатите.

После долгата суша и наталожена прашина на асфалтот, синоќешниот дожд ги направи патиштата исклучително ризични за возење. Дали токму лизгавиот терен ги однесе во смрт колегите од кривопаланечко е нешто што треба да го утврди полициската истрага.

За неполна недела ова е трета сообраќајка кај Лакавица, но овој пат последиците се кобни.

Според првичните информации, загинатите се од селото Радибуш.

Извор: ТВ Стар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e