Граѓаните на штипската населба Балканска за првпат добија чиста вода за пиење од градскиот водовод .
-Вреди да се работи на вакви проекти кои значат живот за граѓаните, а преку кои јасно порачуваме дека нема граѓани од прв и втор ред.- напиша првиот човек на општината Благој Бочварски.
Денес ја комплетиравме првата фаза со инвестициона вредност од околу 300 илјади евра. Изградени се околу 2 километри транзитна и секундарна линија прку која приклучивме 200 жители, а веднаш продолжуваме со втората фаза за да ги приклучиме и граѓаните од горниот дел од населбата. – порача Бочварски.
Граѓаните досега користеа техничка вода, а од денеска ќе пијат чиста вода и ќе плаќаат помали сметки.