Ивица Тошевски, вработен во МВР, човекот познат од “бомбите”, за кого поранешната министерка Јанкуловска и генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски договараа да го избркаат од работа заедно со неговата сопруга и да им ја запалат кафаната, собира потписи за независен кандидат за градоначалник на општина Ранковце.
Тошевски е поранешен претседател на Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Ранковце а во МВР беше на повеќе позиции, како командир на сообраќајна полиција во ПС Крива Паланка, командир на ПС Деве Баир, како и началник на униформираната полиција во СВР Куманово.
По несогласување со дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ за време на предходните локални избори, се дистанцира од партијата и на тие избори ВМРО-ДПМНЕ иако скоро во цела држава извојува победа, во Ранковце загуби уште во првиот изборен круг, за што Јанкуловска и Божиновски од објавените разговори може да се заклучи дека му се многу лути и бараат начин како да му се одмаздат.
Освен Тошевски, уште 26 други независни кандидати собираат потписи како и 48 независни листи за советници.