Во петок и сабота изменет сообраќај во Крива Паланка – Движење само во еден правец за возила

Крива Паланка почна со чествувањата по повод празникот Успение на Пресвета Богородица и празникот во чест на закрилникот Свети Јоаким Осоговски – празникот на градот. Од локалната сампуправа со апел до кривопаланчани, како и до туристите во градот.

– Да бидеме добри и одговорни домаќини во пресрет на организацијата на големите фестивалски манефестации, велат оттаму и известуваат за
ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ на 29 и 30 август (петок и сабота) од 17:00 до 03:00 часот на главна улица „Св. Јоаким Осоговски“.
Од влез на град (Технички преглед) до Осички мост – движење во еден правец (десна лента)
Левата лента – паркирање
Од Осички мост до свртување кон Манастир – затворено за возила, само за пешаци
Апел до граѓаните (28–30 август):
-Избегнувајте возење кон центарот (освен ако е неопходно)
– Дојдете пеш на спортскиот комплекс
– Не паркирајте во централното подрачје
Во наведениот период очекуваме гости од цела Македонија и пошироко, да бидеме одговорни домаќини и да покажеме вистинска сообраќајна култура! Гостите од други градови, следете ги насоките од сообраќајната полиција, апелираат надлежните.

За време на празничните денови и големите музички настани на 29 и 30 август 2025 година, општина Крива Паланка обезбеди дополнителни паркинг простори за сигурно и безбедно паркирање.
 Предвидени зони за паркирање:
 Зелен градски пазар и речното корито кај пазарот
 Автобуска станица и речно корито кај автобуската
Простор покрај мотел „Македонија“ и Градскиот базен
Тротоарска површина покрај магистралниот пат (Бегови Бавчи – мотел „Македонија“)
 Лева коловозна лента на ул. „Св. Јоаким Осоговски“

На секоја локација ќе има редари за помош при паркирањето.
Во прилог – мапа со зоните за паркирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e