Со склучување на Договорот помеѓу Општина Крива Паланка и националниот постапувач со текстилен отпад друштвото ТЕКСОМАК отпочнуваат со реализација дел од активностите од договорот како што се спроведување на едукативни кампањи и спроведување на акции за собирање на текстилен отпад.
За таа цел на ден 11.04 2025 година (петок) во Крива Паланка ќе се спроведе Голема еколошка акција за собирање на текстилен отпад насловена како,, Твојата стара облека – нова шанса за природата,, каде граѓаните ќе можат својата стара облека да ја одлагаат во соодветни посебни садови за текстилен отпад поставени на следниве пунктови и тоа:
-пред маркетот кај автобуската станица
-пред Метролошка станица
-пред Интернат
-пред Зелен пазар
-позади станбени згради Бавчалк
-пред училиште Илинден
-пред училиште Јоаким Крчовски ( кај Соларски мост )
Граѓаните може да одлагаат стара, мала, излитена ,искината, износена облека и други текстилни производи како што се следниве: постелнини, јастуци, капути, јакни, блузи,панталони , фустани, јоргани, чаршафи, завеси , перници, џемпери, шалови, капи, чорапи и слично.
Граѓаните својата стара облека или постелнини односно стариот текстилен отпад на локациите треба да го доставуваат во најлонски ќеси или картонски кутии.
Текстилниот отпад не се фрла на депонија туку се рециклира .
Во оваа акција е забрането одлагање на душеци, обувки и кожни приоизводи .
Покрај директната акција за собирање на текстилен отпад ќе се организираат две едукативни кампањи во детската градинка Детелинка во двата големи објекти , како и две засебни едукации за најмладите во ООУ Илинден и ООУ Јоаким Крчовски .
Исто така во рамки на активностите во зградата на општината во т.н мала сала, со почеток во 13 часот е предвиден и краток состанок со претставници на текстилните компании од општина Крива Паланка во врска со законското постапување со текстилниот отпад кој се создава во нивните компании.
Согласно Законот за посебни текови со отпад забрането е одлагање на текстилен отпад во контејнерите за комунален отпад.