Игор Џамбазов е лауреат на 17. меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, кој денеска ќе се отвори во Крива Паланка. Тој ќе ја прими наградата за посебни заслуги во развојот на театарската уметност, Џамбазов во Големата сала на Општина Крива Паланка. Минатогодишниот лауреат беше Никола Ристановски.
Фестивалот ќе се одржи од 29 септември до 6 октомври 2025 година, секоја вечер со почеток во 19:30 часот.
Фестивалот ќе започне со свечена академија во чест на Лауреатот на фестивалот – Игор Џамбазов, еминентен актер и уметник, чие творештво и придонес во македонскиот театар и култура се од особено значење. Програмата на фестивалот вклучува театарски претстави од реномирани театарски куќи и групи од: Велес, Куманово, Струмица, Скопје, како и претстави на гости од Република Србија и Република Бугарија.
– Овој фестивал претставува значаен културен настан за Крива Паланка и пошироко, со мисија да ја промовира театарската уметност, да поттикнува културна размена и да ја збогатува културната сцена со содржини од висок квалитет, велат организаторите.