Во финална фаза е изградбата на Научно-туристичкиот музеј за ретки минерали во нашата општина и единствен во државата, информира градоначалникот на Пробиштип Драган Атанасов.
Над 2️⃣5️⃣0️⃣ минерали од овој регион, но и пошироко го добиваат своето уникатно изложбено место. Општина Пробиштип ја збогатува својата туристичка понуда токму со она по што е препознатлива, а тоа е рударството.
ℹ️ Заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски направивме увид во работите, проектот е во висина од 9️⃣. 2️⃣ милиони денари преку Источно планскиот регион е финансиран од Бирото за рамномерен регионален развој при Министерство за локална самоуправа и општина Пробиштип, вели Атанасов.