Во Крива Паланка вечерва ќе се одржи свечена академија во чест на сесловенските просветители – светите браќа Кирил и Методиј.
Настанот е закажан за во НУ Центар за култура – Крива Паланка, со почеток во 19:30 часот.
Ќе има свечено врачување признанија за: Најуспешните просветни работници во oдделенска и предметна настава
во општина Крива Паланка за учебната 2024/2025 година и
– Признанија за учениците на генерација од: основните и средното општинско училиште од градот.
Од локалната самоуправа упатија покана до сите граѓани на Крива Паланка – да присуствуваат и да уживаат во магијата на македонската музика со настапот на: Мите Димовски – Студио „Тра-ла-ла“ (најпопуларни македонски песни и евергрини).