По саботниот инцидент во партискиот штаб, општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид добива нов координатор, пренесува ТВ24.
Д-р Кирил Пецаков ќе треба да го консолидира раскараното членство, а комитетот да го разбуди од кома, коментираат граѓаните но и симпатизери на партијата.Блиски извори во Комитетот за тв 24 брифираат дека до доцна синоќа се гласало кој да застане на чело на партијата во Охрид, за на крај најголемата поддршка да ја добие Пецаков инаку екс претседател на Унијата на млади сили и член на Извршниот комитет во периодот од 2008 до 2011 година, а од 2009 до 2013 советник во општина Охрид. Пецаков е доктор стоматолог вработен во Охридската болница, а важи и за еден од поуспешните претседатели на Унијата на млади сили. Најавува консолидација на партијата во Охрид и победа на претстојните локални избори со кандидат кој ќе го избере мнозинството.
Инаку промената на претседателството доаѓа три дена по бурниот состанок во штабот на ДПМНЕ поради несогласувањата меѓу членовите за делувањето на партијата на претстојните локални избори а заврши и со физичка пресметка. ТВ24 дојде до информации дека во комитетот врие од незадоволство, а голем дел членови имаат намера да ја напуштат партијата доколку итно не се случат реформи. Сега му даваат можност на новиот претседател да ги исправи работите на локално ниво и да ја врати партијата на вистинскиот пат.