(ВИДЕО) Завршува реконструкцијата на регионалниот пат Пробиштип – Крупиште

Градежната офанзива во земјава продолжува, порачаа надлежните.

Во тек е реконструкцијата на регионалниот пат Пробиштип – Крупиште во должина од 18 километри – инвестиција во вредност од 212.751.569 денари, финансирана преку ЈПДП.

„Реконструкцијата на регионалниот пат Пробиштип – Крупиште е еден од клучните проекти за општина Пробиштип и мое ветување пред граѓаните од овој регион! Деновиве завршува реализацијата на овој патен правец кој е од најголемо значење поради фактот што голем број на граѓани секојдновено ја користат оваа патна делница и преку него се врши поврзување со двете соседни општини Штип и Кочани. Со ❤️ за Пробиштип!“ – порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e