Започнува реконструкцијата на патниот правец кон Калин Камен, проект од големо значење за подобрување на пристапот до еден од најубавите туристички локалитети во нашиот регион, извести градоначалникот на Крива паланка Сашко Митовски.
Со оваа инвестиција, како што рече, се создаваат подобри услови за развој на туризмот, локалната економија и поголема достапност за сите посетители.
Вредност на проектот: 61.116.772,50 денари со ДДВ
Изведувач: ДППУ „Сандра Инженеринг“ ДОО Скопје
Нарачател: Општина Крива Паланка
Должина на патот: 6 км
Финансирано: Министерство за транспорт.
