(ВИДЕО) Возачот кој го загрози сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка ќе плати казна

На возачот кој го загрози сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка, му е наложено да го исчисти коловозот во присуство на полициски службеници.
Пронајден е возачот кој го загрози сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка. Станува збор за лицето С.С. од Куманово, кое е идентификувано од полициските службеници на СВР Куманово по објавата на социјалните мрежи во која се гледа како камионот што го управува се движи на начин што ги загрозува останатите учесници во сообраќајот.
По утврдените факти, на С.С. му е издаден прекршочен платен налог за сторениот прекршок. Дополнително, по наложба на полицијата, возачот мораше да го исчисти коловозот, а надзорот врз извршувањето на оваа обврска беше спроведен од полициски службеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e