Од Општинската организација на СДСМ од Крива Паланка реагираат за според нив, користењето на службено возилo на техничкиот министер за труд и социјала Ѓоко Велковски за партиски цели.
– Токму кога Ѓоко Велковски од позиција министер повикуваше да не се користат службените возила за партиски цели, во истиот тој ден, се појави на партиски состанок на ВМРО – ДПМНЕ.
На ова вакво нивно однесување ќе му дојде крај, а крајот се гледа, на 24 април и 8 мај кога Мицкоски, и кадрите околу него, засекогаш ќе бидат испратени во политичка пензија, велат од СДСМ.