(ВИДЕО) Прво место за Нина Николовска на државниот натпревар на вокални интерпретатори

На државниот натпревар на вокални интерпретатори, кој се одржа во организација на Здружението на музички педагози (ЗМП) на 15.05.2024 година, ученичката Нина Николовска од VIII одделение од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски го освои првото место.
Нина по втор пат успешно учествуваше на државниот натпревар „Viva La Musica“, кој се одржа во Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп и имаше одличен настап и на овогодишното издание.
На Нина ѝ посакуваме уште многу успешни настапи и освоени награди!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e