(ВИДЕО) Околу 50.000 посетители на концертот на Цеца во Крива Паланка

Вистински музички спектакл се случи синоќа на Градскиот стадион во Крива Паланка, каде повеќе од 50.000 луѓе ја проследија балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. Интересот за концертот беше огромен и далеку ги надмина очекувањата на организаторите, кои првично предвидоа околу 30.000 посетители.

Покрај Цеца, на сцената настапија и Дејан Петровиќ со Биг Бенд, Мики Секуловски, Никола Станишиќ и Диџеј Галоски. Иако беше најавен, Мирза Селимовиќ го откажа својот настап поради здравствени проблеми.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, упати јавна благодарност до вработените во ЈП „Комуналец“, кои за неколку часа успеаја да го исчистат просторот, оставајќи впечаток дека таму и не се собрале десетици илјади луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e