За денеска во 19:00 часот е закажана промоцијата на кандидатот за пратеник и коносител во Изборната единица 3, Љупчо Николовски во спортската сала Бранители 2001.
Николовски, последните години откако ја има честа и одговорноста да работи во функција на граѓаните, според огромен дел од кривопаланчани не само што ја оправда довербата туку несебично помагаше и помага на секој еден граѓанин, не делејки ги по партиска или било каква друга основа.
Затоа на промоцијата се очекува да присуствуваат голем број на граѓани од Крива Паланка.
