Одрон на карпа на пешачка патека во Кањон Матка за малку ќе завршеше со трагедија, откако огромна карпа се урна само неколку секунди по поминувањето на посетители.
Инцидентот се случил на 7 јануари, а за среќа нема повредени. Настанот повторно ја отвора загриженоста за безбедноста на патеките, особено во зимскиот период кога ризикот од одрони е зголемен. Засега нема официјална информација за преземени мерки од надлежните служби, пренесува Курир.мк.
