(ВИДЕО) Голем пожар во Крива Паланка – градоначалникот бара итна помош

Голем пожар избувна денеска во Крива Паланка, зафаќајќи ја населбата Лозаново.

Градот се наоѓа под најголема стихија, а домовите на населението се директно загрозени, изјави градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

Градоначалникот апелира на смиреност и истовремено бара итна помош од соседните градови и од државата за справување со огнената стихија.

Надлежните служби се на терен, но поради големината и интензитетот на пожарот, потребна е дополнителна поддршка за да се заштити населението и нивните имоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e