Градоначалникот на општина Крива Паланка даде отчет за сработеното во изминатите две години, како што вели, период на секојдневна, деноноќна посветеност на развојот на општината, унапредување и подобрување на условите за живот на секој еден жител на нашиот град, за подобро утре на генерациите што доаѓаат.
-Таа посветеност значи дела, не зборови. Реални реализирани проекти за подобра инфраструктура, мерки и субвенции за млади, образование, спорт, социјална заштита, култура, хигиена, хортикултура, туризам… Во овој период од 24 месеци градот се развива со силно темпо, се решаваат долгогодишни проблеми на граѓаните, се менува сликата на градот – урбана, модерна, Европска Крива Паланка, порача Митовски.