(ВИДЕО) Богоев: Ќе ги ревидираме спорните планови во Карпош

Прес конференција,
Стефан Богоев, претседател на СДММ
Скопје, 10.09.2017
Почитувани,

Вчера со граѓаните на Карпош 3 и Карпош 4 се договоривме веднаш по преземањето на локалната власт во Општина Карпош, целосно и темелно да го ревидираме носењето на детални урбанистички планови за овие делови на општината.

На граѓаните на Карпош им е доста од ставањето на личните и бизнис интереси на Стевчо Јакимовски и ВМРО ДПМНЕ, пред интересите на граѓаните.

Се обврзувам и ветувам пред граѓаните на Карпош дека сите измени во иднина на урбанистичките планови ќе се прават во договор со граѓаните и ќе се прават на чесен, транспарентен и отчетен начин со цел заштита на зеленилото, чистиот воздух во општината и обезбедување на чист, модерен и зелен Карпош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e